Сашко Јовев вчера го потпишал решението со кое министерот за здравство го разреши од директорската функција на клиниката за кардиохирургија. Неговиот правен тим од понеделник ќе одлучи дали и кога истото ќе биде обжалено. На кардиохирургот му се забележува дека според контролите на Меџити имал злоупотреби со дежурства и евиденција. Установата со која раководеше Јовев засега е без медицински менаџер и ниту министерот ниту од СДСМ не кажуваат кога ќе назначат нов директор и дали тој ќе биде од редовите на вработените или ќе биде донесен од надвор. Јовев во вчерашното годтување на Сител кажа дека засега останува на кардиохирургија иако веќе имал понуди од странство.
-Од приватна установа во моментот нема, но имам од надвор од луѓе кои ми се многу блиски и кои гледаат и знаат што се случува, изјави Сашко Јовев (10.06.2023)
Како што дознаваме станува збор за здравствени установи од Хрватска и Германија кои му понудиле работа на Јовев. Овој случај цела недела ја бранува јавноста и освен кардиохирургот, пациенти, вработен, колеги и здруженија побараа министерот да го преиспита решението.
Не стивнуваат и реакциите од опозициската ВМРО-ДПМНЕ која секојдненво бара од Меџити да одговори врз основа на кои критериуми расзрешува медицинск и на кој начин поставува организациски директори.
– Медицински персонал ем нема, ем постојано бега од државава, ама затоа министерот за здравство ги дискредитира и оние малку кои се останати.
И додека вели ќе ги укинам организациските директори, во меѓувреме си тера, и си менува, и си назначува токму организациски директори.
Разрешува и медицински директори, а јавноста не е информирана која е постапката за стручност при разрешување и избор на нови директори.
Печат на министерувањето на Фатмир Меџити до сега се две работи, целосна негрижа за граѓаните во државава, второ, целосна негрижа за медицинскиот кадар, изјави Кирил Лазов, член на Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.
Иако контролите на Меџити констатирале финански пропусти, од директорската функција е разрешен само Јовев а не и организацискиот сдиректор иако имаат иста одговорност.