Една недела по трагедијата во модуларната болница во Тетово, се очекува да стигнат германските експерти кои треба да им помогнат на македонските обвинители во истрагата.
Државниот обвинител Љубомир Јовевски за ТВ 24 вели дека документацијата за изградбата на модуларната болница од Министерството за здравство и од тетовската клиника се обезбедува.
Претставници на федералната криминалистичка полиција на Германија заедно со нашите обвинители ќе треба да направат увид во остатоците од модуларната болница во Тетово во која изгореа 14 лица, а 12 беа повредени. Во меѓувреме, обвинители од Тетово и Скопје проверуваа дали има евентуални пропусти од страна на одговорните лица во однос на почитување на прописите за заштита при работа, но и дали биле почитувани обврските за противпожарна заштита.