
Доколку ова лето сакате да ја промените бојата на вашата коса, тогаш добро би било да погледнете кои нијанси се актуелни.
Со летните денови вообичаено доаѓа и трендот на нијансирани бои. Новата боја на коса може да направи да изгледате посекси и поотмено, а летото е идеален период за експериментирање.
Прамени со боја на мед и карамела
Благите премини од коренот до краевите се она што ги карактеризира русо-смеѓите девојки. Прамените во топли мед и карамела бои го истакнуваат тенот и убаво изгледаат на малку потемнета кожа.
Златно руса
Златните нијанси изгледаат како сончеви зраци во косата и се доста популарни сезонава. Оваа боја ќе ја освежи вашата коса, а на фризурата ќе и пружи сосема нов изглед.
Лешник
Нијансата на лешник е раскошна боја полна со сјајни тонови на лешник за блескава боја на косата. Оваа нијанса одлично одговара на потемнет тен.
Темно кафена
Станува збор за доста класична, но богата чоколадно – смеѓа боја, која на вашата коса ќе и даде природен изглед и сјај и тоа во потемни тонови. Исто така можете да ја комбинирате со прамени во посветли и потемни нијанси на кафена боја.
Бакарна боја
Сезонава во центарот на вниманието се најде и смелата бакарно црвена боја. Имено, оваа нијанса е се поголем тренд сезонава, а се поголем број девојки се одлучија за оваа смела и впечатлива нијанса.