Ако сте еден од овие хороскопски знаци значи дека ќе доживеете голема радост ова лето.
Водолија
Припадничките на овој знак имаат најголеми шанси во останатите месеци од 2016 година да ја официјализираат врската или пак да дознаат дека ќе станат мајки.
Најтоплите месеци од оваа година ќе бидат особено наклонети кон семејните врски.
Ова е погоден период за започнување на сериозна врска.
Рак
Најемотивниот знак во хороскопот ова лето ќе има среќа кога се во прашање љубовните врски. Конечно ќе успее или да излезе од лоша врска или да го запознае принцот на бел коњ или пак ќе официјализира нешто што одамна го посакува.
Нежните дами Ракови сакаат да влезат во брак со верен партнер, па во текот на месец јуни токму таков ќе запознаат. Ако пак веќе подолго време размислувате за некој воздушен знак, во текот на јули 2016 може ќе имате незаборавни моменти кои ветуваат сериозна врска.
Лав
Иако огнените Лавици мислат дека уште не е дојдено време да се смират, летото 2016 во целост ќе ги демантира. Во текот на јуни конечно ќе се спасат од нивната заплеткана ситуација и нештата ќе бидат многу јасни.
Јули и август кои инаку се нивните месеци ќе им донесат многу насмевки, љубов но и можна брачна понуда.
За припадничките кои веќе долго време биле во врска вистински момент е да кажат ДА или барем да размислат за тоа, додека слободните може да ја чекаат фаталната љубов на која нема да и одолеат.