Долунаведената низа факти кои се навистина интересни можеби нема многу да Ви значи во животот, но со овие занимливости поголем број од луѓето не се запознаени.
Дали знаете дека:
– Ајфеловата кула е поставена како привремена конструкција по повод Светската изложба во 1889 година.
– Литар морска вода во просек е за 25 грама потешка од иста количина слатка вода.
– Мачките можат да произведат над 100 гласовни звуци, а кучињата само девет.
– Гепардот е единствена мачка на светот која не може да ги вовлече канџите.
– Најстариот парламент на светот е исландскиот Алтинг кој постои од 930 година.
– Зборот смог е кованица настаната од англискиот збор smoke (дим) и fog (магла).
– На црнците од филмската екипа која го снимила филмот Однесено со виорот, расните закони на државата Џорџија им забраниле да присуствуваат на премиерата на овој филм во Атланта во 1939 година.
– Лондонскиот весник Тајмс во 1816 година валцерот го прогласил за неморална игра.
– Огнот побрзо се шири нагоре кон планините, отколку надолу по нив.
– Во секоја мешунка на грав има 7 или 8 зрна.
– Најголема измерена длабочина во Европа околу 93 метри има Дунав, на местото Мали казан во Ѓердапската клисура.
– Полицијата на германските автопатишта казнува и за бавно возење.
– Народот Варплпири од Јужна Австралија не користи бројки и во јазикот нема збор за нив. Бројот децата го опишуваат со зборот многу, а далечината со песни.
– Многу луѓе и денес кога го пишуваат бројот 7 преку него ставаат цртичка што не е правилно.
– Делтиолог е човек кој собира и проучува разгледници.
– Аман главниот град на Јордан во 3 век п.н.е. се викал Филаделфија според основачот египетскиот крал Птоломеј втори Филаделфу.
– Естрада е дел од просторот издигнат за една или повеќе скали над подот.
– Жабите биле први животни кои почнале да испуштаат гласови.
– Помфритот или француски компирчиња, настанале во Белгија.
– Нинтендо произведувал карти за играње пред да почне да произведува видео игри.
– Египќанките се први жени кои носеле долна облека.
– До својата 20 година, просечен човек од Западот гледа повеќе од милион ТВ реклами.
– Жените во просек дvojno повеќе трепкаат од мажите.
– Лавот од најавната шпица од филмското студио MGM се викал Волни и живеел во зоолошка градина во Мемфис.
– Најстарата мачка на светот по име Пус, умрела во 1939 година во длабока старост. Имала 36 години и еден ден.
– Кафето првпат се појавило околу 1000 година. Во почетокот се користело само како лек, а дури подоцна во арапските и персиските земји почнало да се пие за уживање.
– Зборот мафија намерно е изоставен од сценариото за филмот Кум.
– Гризли може да трча брзо како просечен коњ.
– СОС во 1908 година е избран за знак за помош во Морзовата азбука затоа што буквите С и О се најлесни за памтење и бележење. С е точка точка точка, а О како цртичка цртичка цртичка.
– Многу хрчаци трепкаат само на едно око.
– Точките од светлина кои ги гледаме кога ги трламе очите се викаат фосфени.
– Влезот во пештера во која мечката ја поминува зимата секогаш е на северната страна.
– Кикириките се зеленчук.
– Кога ќе се посее семе на кафе, потребни се пет годни растението да порасне за да можат плодовите да се користат.
– Мажјаците мајмуни ја губат косата на главата на ист начин на кој тоа се случува на човекот.
– Кечапот настанал во Кина.
– Изразот за слободни професионалци freelancer (слободно копје) потекнува од витезите наемници, кои не биле подредени на ниту еден господар.
– Во Канада има повеќе продавници за крофни, отколку во која било друга земја.