
Доколку сакате и во текот на зимскиот период да „пукате“ од здравје доволно е да го направите овој еликсир.
Оваа витаминска бомба која ќе ви даде енергија е идеалното решение за вас.
Потребни состојки:
200 мл мед
200 гр ореви
200 гр суво грозје
200 мл сок од моркови
200 мл сок од цвекло
2 лимони
Начин на подготовка:
Измијте ги лимоните, пресечете ги на половина и од секоја половина извадете ги семките. Сомелете ги лимоните заедно со кората, освен ако лимонот е прскан, а потоа масата ставете ја во стаклена тегла од еден литар. Додајте мед, сок од цвекло и морков и се добро измешајте. Потоа додајте ги мелените или ситно сецкани ореви и суво грозје и повторно измешајте. Подготвената смеса чувајте ја во тегла во фрижидер.
Земајте по една лажица од оваа смеса пред секој оброк, три пати дневно.