Според официјалното соопштение испратено од службата за односи со јавноста на Х Фактор утрешниот концерт е откажан и тоа поради здравствени причини на неколку натпреваручаи, но затоа следниот вторник шоуто ќе го напуштат двајца натпреварувачи.
Дел од кандидатите на Х Фактор се разболеле од грип, па продукцијата и менторите едногласно одлучиле дека не е фер и борбата нема да биде рамноправна доколку дел од нив настапат со болки во грлото.
Токму затоа утре на програмата на Сител телевизија ќе се емитува специјално издание на Х Фактор во кое гледачите одблизу ке го запознаат својот фаворит.