Ози Озборн се враќа во Англија „сит“ од насилството во САД

Фронтменот и соосновач на легендарниот британски бенд Black Sabbath, Ози Озборн, познат како „таткото на хеви металот“ најави дека со сопругата Шерон се враќаат од Лос Анџелес во родната Велика Британија бидејќи е „сит“ од масовните пукања во САД, а и не сака последното почивалиште да му биде Калифорнија.

Денес 73-годишниот Ози Озборн пораснал, кој пораснал во англиски Бирмингем, во интервјуто објавено во неделата во весникот The Observer вели дека не сака да биде погребан на гробиштата Форес Лаун во Калифорнија, каде што почиваат бројни познати и славни личности.

Двојката којашто е во брак од 1982 година ќе се пресели во својата 120 години стара куќа Велдерс Хаус во Багингемшир во Англија.

„Сит сум од секојдневното убивање. Само Господ знае колку многу луѓе се убиени во пукањата во училиштата“, вели Озборн во интервјуто.

„А да не го споменува масовното пукање во Вегас на концертот. Тоа е е…. лудило, не сакам да умрам во Америка. Не сакам да бидам погребан во е…. Форест Лаун. Јас сум Англичанец. Сакам да се вратам дома“, додава музичарот.

Шерон Озборн инсистира дека дијагностицирањето на Паркинсоновата болест не е мотивот за одлуката на нејзиниот сопруг за враќање во Англија.

„Не, не е тоа… Едноставно дојде времето. Америка драстично се промени. Тоа воопшто не се Соединетите американски држави. Ништо не е соединето. Тоа е сега многу бизарно место“, оценува Шерон Озборн.

Ози Озборн, чиешто вистинско име е Џон Мајкл Озборн, водечкиот вокал на рок-групата Black Sabbath, којашто во Бирмингем во 1968 годна ја основаа со гитаристот Тони (Френк Ентони) Ајоми, басистот Гизер (Терен Мајкл Џозеф) Батлер и тапанарот Бил (Вилијам Томас) Ворд.

На почетокот од 2000-те години Озборн стана ѕвезда на тв-реалити шоуто на музичкиот канал MTV познато како „The Osbournes“ во кој настапуваше покрај сопругата и децата. Својот 13-ти по ред соло албум под наслов „ Patient Number 9“, ќе го објави на 9-ти септември.