Озил главен виновник за катастрофата на Германците

По катастрофалниот настап на Германија на Мундијалот во Русија се погласни се критиките дека присуството на Месут Озил во репрезентацијата му пречело на тимот. По менаџерот на репрезентацијата, Оливер Бироф, за проблемот со Германецот со турско потекло, се јави и Раинхалд Грингер, претседател на Германскиот фудбалски сојуз ( ДФБ).

Проблемот со фудбалерот на „Арсенал“ настана пред Мундијалот кога Озил, заедно со колегата Илкај Гундоган објавиле фотографија на која се со турскиот претседател Таип Ердоган.  Јавноста реагира бидејќи Озил, за разлика од Гундоган, кој рече дека немал намера да направи политички проблем, досега не го коментираше случајот.

Вистина е дека Месут со тоа што ништо не кажа разочара многу фанови, бидејќи тие имаат прашања и очекуваат одговор. Затоа е сосема јасно дека Месут кога ќе се врати од одмор јавно да се искаже, што е во негов интерес. Тој е докажан репрезентативец и мора да добие шанса, рекол Гриндел, кој потенцира дека одлучувачки за судбината на Озил е анализата на селекторот Јоаким Лев.

Се огласи и таткото на Озил, Мустафа, кој го повика својот син да ја заврши својата репрезентативна кариера.

Ако бев на негово место би рекол„ Благодарам, доволно беше“. Тој  е  разочаран и навреден бидејќи беше исвиркан од сопствените фанови, а тој не разбира зошто. Играше за репрезентацијата девет години и стана светски шампион, а секогаш сите зборуваа по победите – победивме заедно. Сега кога загубивме, загубивме поради Озил. Оваа ситуација е комплетен апсурд. Тој ја сака Германија и многу пати ја покажа својата лојалност. Како можел да одбие откако Ердоган побарал да се фотографираат. Тој е спортист и само сака да игра фудбал. Нема врска со политиката и поради тоа не ни помислил дека оваа фотографија ќе предизвика лоши реакции,  изјави Мустафа Озил.