Пјастри со најдобра стартна позиција во спринтерската трка во Бразил

Австралиецот Оскар Пјастри од тимот на Мекларен ја освои најдобрата стартна позиција пред саботната спринтерска трка за Големата награда на Бразил на патеката Интерлагос.

Пијастри ја освои пол-позицијата со време од 1:08.899 минути. Австралиецот беше само 0,029 секунди побрз од британскиот тимски колега Ландо Норис, додека Шарл Леклер од Монако во болидот на Ферари беше трет со 0,254 секунди заостанување.

Актуелниот светски шампион и лидер во генералниот пласман Холанѓанецот Макс Верстапен во Ред Бул беше четврти.

Од третиот ред ќе стартуваат Шпанецот Карлос Саинц (Ферари) и Британецот Џорџ Расел (Мерцедес).

Спринт трката е на саботната програма, додека Бразилското ГП е в недела.

На четири трки до крајот, Верстапен има 47 поени предност пред Норис.

ПОЧЕТНИ ПОЗИЦИИ:
1 ред:
Оскар Пјастри (Мекларен-Мерцедес)
Ландо Норис (Мекларен-Мерцедес)

2 ред:
Шарлс Леклер (Ферари)
Макс Верстапен (Ред Бул)

3 ред:
Карлос Саинц Јуниор (Ферари)
Џорџ Расел (Мерцедес)

4-ти ред:
Пјер Гасли (Алпен-Рено)
Лиам Лосон (НЗ/Рејсинг Булс-Ред Бул)….