ЈП Градски паркинг со нови информации за плаќањето на паркингот

ЈП Градски паркинг информира дека се’ уште е во тек работата за надградување на системот за зонско паркирање, со цел подобра и поефикасна услуга.

-Генерално проблемот со наплаќање преку смс пораки е решен. Во однос на вчерашната информација за неможност за наплата на паркирање со смс порака преку мобилниот оператор „А1 Македонија“, ве информираме дека, економскиот оператор кој работи на поефикасен систем, заедно со операторот „А1 Македонија“ работат и за решавање на проблемот кој го имаат нивните корисници – односно повторно да можат наплатата да ја вршат преку смс порака, информираат од претпријатието.

Апелираат корисниците на зонското паркирање да продолжат да си вршат наплата преку своите мобилни апарати, но, доколку не успеваат во тоа, наплатата за паркирање да ја вршат преку купување греб картички.

-Се надеваме дека економскиот оператор со кој соработуваме во најкраток можен рок ќе ги изврши сите потребни работи за надградувањето на системот, со што наплатата преку смс порака ќе се врати во потполна функција, нагласуваат од ЈП Градски паркинг.