ЈП Комунална хигиена-Скопје подигна 300 кубни метри отпад од диви депонии

Во текот на минатата седмица, екипите на ЈПКХС отстранија приближно 300 кубни метри отпад од диви депонии во речиси сите скопски општини.

Активностите се одвиваа на улицата Беласица во општината Гази Баба, улицата Анте Поповски во општината Кисела Вода, реонот кај Македонска куќа и долж булеварот Теодосиј Гологанов во општината Карпош, булеварот Никола Карев – спроти Амбасадата на САД и улицата Цветан Димов во општината Чаир, како и на улицата Борис Сарафов и главната улица во скопската општина Ѓорче Петров.

Воедно, во текот на минатата недела заврши повеќедневната акција за чистење обемна дива депонија во реонот на Момин Поток, каде што беа подигнати вкупно 200 кубни метри непрописно одложен отпад.