Пјонгјанг: Епидемијата на коронаворусот избувнала на границата меѓу двете Кореи

Северна Кореја заклучила дека првите случаи на заразите коронавирусот во земјата се јавиле во регионот близу границата со Јужна Кореја, а како што во петокот известуваат државните медиуми првите пациенти биле во контакт со „неидентификувани предмети“.

Објавувајќи ги резултатите од своите наоди, Северна Кореја го упати населението да биде „будно во поглед на ‘непознати работи’ кои доаѓаат со ветрот и другите климатски појави, како и со балоните во подрачјата по должина на линијата на разграничувањето и границата“, пренесуваат медиумите.

Познато е дека 18-годишен војник идентификуван како Ким и петгодишно момченце со презиме Ву биле во контакт со неидентификувани материјали на ридот околу касарната и станбените населби во Ипхо-ри на почетокот од април, објави севернокорејската државна новинска агенција KCNA, додавајќи дека споменатите пациенти подоцна развиле симптоми и биле позитивни на коронаворусот.

Ипхо-ри е регион во округот Кумганг на источниот брег на Северна Кореја во близина на граница со Јужна Кореја.

„Резултатите од истрагата покажаа дека неколку лица кои кон средината на април доаѓале од областите Ипхо-ри во главниот град имале температура, а меѓу нивните контакти забележан е остар раст на случаи на треска“, пишува KCNA.

Северна Кореја, којашто поради избувнувањето на пандемијата на зарази со коронавирусот во мај прогласи вонредна состојба, ја префрла вината на соседната земја за бранот зарази кој ја погоди. Во контекстот на спомнувањето на балоните, Reuters потсетува дека севернокорејските пребези и активистите во Јужна Кореја со децении летаат со балони носејќи летоци и хуманитарната помош преку цврсто утврдената граница.

Инаку, Северна Кореја во петокот извести за нови 4.570 лица со симптоми на грозница, при што вкупниот број заболени од крајот на април изнесува 4,74 милиони лица.

Пјонгјанг секојдневно известува за бројот на заболените со симптоми на треска без наведување дали тие се пациенти со Covid-19, веројатно поради недостиг од опрема за тестирање.