![severna koreja](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/11/severna-koreja.jpg?resize=572%2C372&ssl=1)
Северна Кореја истрелала околу 80 артилериски проектили во поморската погранична зона во текот на ноќта кон петокот, соопшти Јужна Кореја, додека јужнокорејскиот и американскиот министер за одбрана ветија дека ќе покажат решителност соочени со ракетните тестирања на Пјонгјанг.
Северна Кореја истрелала повеќе проектили во морето во четвртокот, можеби и неуспешен интерконтинентален балистички проектил (ICBM), што беше оправдување за САД и Јужна Кореја да ги продолжат големите воздухопловни маневри со учество на стратешки бомбардери на кои всушност одмазнички реагираше Пјингјанг.
Јужнокорејската армија соопшти дека малку пред полноќ во четвртокот регистрирала повеќе од 80 артилериски проектили кои Северна Кореја наводно ги истрелала во морето, што го оцени како кршење на меѓукорејскиот договор од 2018 година. Сеул го предупредил Пјонгјанг поради проектилите, се наведува во соопштението на јужнокорејското министерство за одбрана.
На средбата во Вашингтон, американскиот министер за одбрана Лојд Остин и неговиот јужнокорејски колега Ли Џонг-суп ветиле дека ќе „бараат нови мерки за демонстрација на решителноста и способност“ на нивниот сојуз по „повторените севернокорејски провокации“, се наведува во заедничкото соопштение.
Тензии на Корејскиот полуостров растат поради низата масивни воени маневри на САД и Јужна Кореја, на кои им се придружува и Јапонија, од една страна, и одмазничките лансирања на рекорден број проектили од страна на Северна Кореја годинава, вклучително и 23-те само во средата и лансирани на интерконтинентални балистички проектили од кои последната во четвртокот.
Висок функционер на американската администрација во четвртокот изјави дека не е јасно кога Северна Кореја би можела да го спроведе тестирањето на нуклеарно оружје, иако од Вашингтон уште од мај тврдат дека Сеул се подготвува да продолжи со нуклеарните тестови првпат по 2017 година.
САД веруваат дека Кина и Русија имаат доволно влијание за да ја одвратат Северна Кореја од тестирањето нуклеарна бомба, изјaвил неименуваниот американски функционер за Reuters без да прецизира која е целта на таквата забелешка.