Северна Кореја порача во саботата дека нејзината „волја е постојана“ за проширување на односите со Русија, критикувајќи ја неодманешната осуда на САД и нвините сојузници за наводните севернокорејски испораки на оружје на Русија како искривена и исполитизирана.
Севернокорејската министерка за надворешни работи Чое Сон Хуи ја осуди засилената воена соработка меѓу САД, Јужна Кореја и Јапонија и порача дека односите меѓу Пјонгјанг и Москва ќе дејствуваат како „моќен стратешки“ елемент доколку споменатите земји ја нарушат безбедноста во регионот.
САД, Јужна Кореја и Јапонија, коишто последните три години континуирано ги засилуваат меѓусебните соработки во воената сфера и го зајакнуваат своето воено присуство во регионот, во четвртокот без да понудат никаков доказ ја осудија наводната севернокорејска испорака на оружје во Русија и руско предавање на напредна воена опрема на Северна Кореја, велејќи дека потврдиле „неколку“ испораки на такво оружје.
Москва и Пјонгјанг веќе неколку месеци ги отфрлаат тврдењата на САД за наводните испораки на севернокорејско оружје за Русија за војната во Украина. Руското Министерство за одбрана веќе во повеќенаврати одговори дека руската одбранбена индустрија работи со зголемени капацитети и ги задоволува сите потреби на армијата во воени услови, за разлика од соодветниот сектор на Западот кој признава дека не може да ги задоволи потребите на украинската војска и ги празни залихите на западните земји.
„Ако биле толку љубопитни да докажат дека одредена сфера на соработка меѓу Демократска Народна Република Кореја (Северна Кореја) и Русија претставува ‘закана’ за меѓународниот мир и безбедност, би требало однапред да разјаснат зошто нивниот триаголен воен сојуз не се смета за закана за регионалниот мир и стабилноста“, изјави Чое Сон Хуи во изјавата којашто ја цитира службената севрнокорејската новинска агенција KCNA.
САД. Јужана Кореја и Јапонија тврдат дека ја зајакнуваат трилатералната безбедносна соработка за да се спротистават на наводно растечките нуклеарни и ракетни закани од Северна Кореја. Но во Пјонгјанг сметаат дека сите речиси континуирани масивни воени маневри кои трите земји го одржуваат се всушност подготовка за инвазија врз Северна Кореја. Истовремено и Кина со големо внимание ги следи воените активности на Вашингтон, Сеул и Токио во регионот на Корејскиот полуостров.
Русија и Северна Кореја најавија поблиска соработка во безбедносната и воената сфера кога во септември нивните челници Владимир Путин и Ким Џонг-ун во септември на рускиот Далечен исток. Рускиот министер за надвворешни работи Серегеј Лавров месецов се сретна со Ким и разговараше за спроведувањето на договорите постигнати на самитот, кога севернокорејскиот водач покажа голем интерес за воениот воздухопловен и бродоградежен сектор.
„Цврсти се волјата и ставот на ДНРК сеопфатно да ги прошири и развие билатералните односи со Руската Федерација“, изјави Чое додавајќи дека врските меѓу двете земји ќе дојдат до „нова повисока фаза преку целосно спроведување на договорите“.