Пјонгјанг објави дека тестирал хиперсонична ракета на цврсто гориво

Северна Кореја тестирала нова хиперсонична ракета со цврсто гориво со среден дострел, објавија во понеделникот по локално врмее државните медиуми.

Лансирањето на проектилот во неделата не претставувало безбедносна закана за соседните земји, објави државната новинска агенција KCNA. Целта била да се тестира веродостојноста на новите повеќестепени мотори на цврст погон со висок потисок и хиперсонични наведувани боеви глави со среден дострел, се додав во информацијата.

Истиот ден, делегација предводена од министерот за надворешни работи Чое Сон Хуи, која отапувала во Русија, го напуштила Пјонгјанг во неделата, објави KCNA.

Лансирањето на ракетата и посетата на делегацијата на Русија доаѓа во време на зголемени тензии меѓу двете Кореи по серијата лансирања на интерконтинентални балистички ракети од страна на Пјонгјанг и неговиот прв воен шпионски сателит, како и продлабочувањето на врските меѓу Пјонгјанг и Москва што го загрижија Вашингтон и неговите сојузници во регионот кои целата мината година изведуваа континуирано масивно воени вежби во водите околу Корејскиот полуостров.

Војската на Јужна Кореја соопшти дека ракетата во неделата била истрелана од областа на Пјонгјанг околу 14,55 часот по локално време, летајќи околу 1.000 километри долж источниот брег, додека јапонското Министерство за одбрана соопшти дека максималната височина била најмалку 50 километри.

Пјонгјанг претходно соопшти дека ги тестирал своите нови мотори со цврсто гориво за средно балистички ракети на 11-ти и 14-ти ноември.