Северна Кореја во четвртокот успешно тестирала „неодаман произведена“ противоздушна ракета, објави во петкот севрнокорејската новинска агенција KCNA.
„Демократска Народна Република Корена на 30-ти септември опитно истрела противоздушна ракета која неодамна ја произведе, Извонредните борбени карактеристики (на ракетата) се испитани со воведуване на новите клучни технологии“, се наведува во информацијата.
Според агенцијата лансирањето имало цел „да е потрди практичноста на системот за лансирање, радиолокаторот и да се проверат борбените карактеристики на прокетилот“ развиен од Академијата за воени науки на Сверна Кореја.
Как што навеле од Академијата, тестовите ја потврдиле зголемената прецизност на ракетното наведување, брзината на реакцијата и опсегот на уништувње на целите како резултат на користењето на новите технологии.
Овој тест доаѓа по низата лансирања нови типови проектили. Пјонгјанг претходно седмицава извести за тестирње на ракета со надзвична брзина „Хвасон-8“, што, доколку биде потврдено, ќе претставува значителен технолошки исчекор, бидејќи таквата ракета лета петпати побрзи од звукот.
Тестирањата ја запрепастија меѓународната заедница, а особено САД, Франција и Велика Британија кои заостануваат во развојот на хиперсоничните проектили зад Русија, и повикаа на одржување вонредна седмица на Советот за безбедност при Обединетите нации.
Севернокорејската програма за развој на нуклеарно оружје и интерконтинентални балистички ракети е забранет со резолуција на Советот за безбедност при ОН и предизвика низа меѓународни санкции за оваа изолирана комунистичка земја.
Иако изразува подготвеност за преговори со САД и Јужна Кореја, од доаѓањето на власт на младиот Ким Џонг-ун, севернокорејските воени програми значително напредваа, а Пјогнанг ги правда со потеребата за одбрана од можна американска инвазија,
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен во четвртокот ја обвини Северна Кореја дека поттикнува „нестабилност и несигурност“ во регионот.