Испораките на гас преку Северен тек, главниот гасовод за испорака на рускиот гас кон Европа, би можеле во понеделникот да паднат за 22 отсто, покажуваат податоците на операторот со овој гасовод компанијата „Nord Stream“.
За понеделникот се резервирани 4,7 милиони кубици на час, односно малку повеќе од 113 милиони кубни метри дневно, додека во неделата обемот на испораките низ Северен тек изнесувал 145 милиони кубни метри гас. За споредба, нивото во мај била речиси за 34 повеќе, околу 170 милиони кубни метри дневно.
Транспортот преку вториот коридор, низ гасниот транспортен систем на Украина, во понеделникот и можело да остане на нивото од претходните денови, произлегува од податоците на украинскиот оператор со транспортниот систем
Европа продолжува да пумпа гас во подземните складишта пред зимскиот период, и додека не стапат на сила санкциите за увозот на гас од Русија. Според податоците на Gas Infrastructure Europe (GIE), на 11-ти јуни просечната пополнетост на европските гасни складишта изнесувала 51,5 отсто, а вкупниот волумен на гас во нив е приближно 54,6 милијарди кубни метри гас.
Украина го одби „Газпром“ за испораки во Европа преку една од двете станици
Руски „Газпром“ ќе испорача во понеделникот 41,9 милиони кубни метри гас преку гасната мерна станица „Суџа“, додека закажувањето преку станицата „Сокранивка“ е одбиена од украинската страна, изјави во понеделникот за новинарите во Москва, портпаролот на компанијата Сергеј Купријанов. Со тоа волуменот на испорака на гасот останува непроменета од ден претходно.
Претходно во понеделникот на веб-страницата на „Оператор ГТС Украина“ (ОГТСУ) беше, исто така, објавено дека транзитот на гасот преку украинската територија на 13-ти јуни може да изнесува 41,9 милиони кубни метри гас.
Во петокот украинскиот оператор објави дека од саботата 11-ти мај го запира транзитот на гасот во Европа преку станицата „Сокранивка“ поради „виша сила“, односно компанијата наводно не можела да врши контрола над граничната компресорска станица „Новопсков“ во регионот на Луганск во кој се водат борбите. Поради тоа закажаниот обем за транспорт нема да биде прифатен, соопштија од Киев.
Од „Газпром“, пак, велат дека не гледаат причини да престане испораката на гас во претходниот обем и режим, и известија дека не добиле никаква потврда за ткн „виша сила“. На предлогот на украинскиот оператор да бидат пренесени сите транзитни обеми на друга влезна точка за рускиот транзитен гас, најголемата дистрибутивна станица „Суџа“, од рускиот енергетски холдинг истакнуваат дека тоа е технолошки неизводливо врз основа на руската шема за проток на енергенсот.
Покрај тоа, „Газпром“ објави дека руските санкции против низа странски енергетски компании кои одбија да ги плаќаат испораките на гас во рубљи ѝ забрануваат на компанијата да го користи гасоводот „Јамал – Европа“ за транспорт на рускиот гас низ Полска.