Пабрикс тврди дека Русија истрелала ракети врз Полска

Летонскиот министер за одбрана Артис Пабрикс изјави дека експлозијата во село Пржеводов на полско-украинската граница е предизвикана од руски ракети, при што загинаа две лица.

-Мое сочувство до нашите полски браќа по оружје. Криминалниот руски режим истрела проектили кои не само што ги таргетираа украинските цивили, туку паднаа и на територијата на НАТО во Полска. Летонија целосно стои сп своите полски пријатели и го осудува ова злосторство, истакна Пабрикс.

Официјална Варшава се уште нема потврдено дека експлозијата е предизвикана од руски ракети, но полскиот премиер Матеуш Моравјецки итно го свика Комитетот на Министерскиот совет за прашања на националната безбедност и одбраната.

Портпаролот на полската Влада Пјотр Мулер не ја откри причината за свикувањето на итниот состанок.

– Ве молиме, не објавувајте непотврдени информации, за ова ќе разговараме по средбата, истакна Мулер.

На средбата со министерот за внатрешни работи и администрација Мариуш Камински, министерот за надворешни работи Збигњев Рау, министерот за правда Збигњев Зиобро присуствува и претседателот Анджеј Дуда.

Неименуван висок американски претставник изјави дека експлозијата е предизвикана од руски ракети. Од Пентагон изјавија дека не можат да потврдат дека се работи за руски ракети.

Полска е членка на НАТО. Според членот пет во напад врз една земја-членка се смета за напад врз Алијансата. сите други членки мора да ја бранат.врз земја-членка на Алијансата , сите други членки мора да ја бранат.