Пациент со нож нападнал вработен во болницата „8-ми Септември“

Инцитент се случил во просториите на болницата „8-ми Септември“, објави Канал 5.

Според информациите, вработен во болницата бил прободен со нож во пределот на ребрата.

– На 07.01.2024 во 19.47 часот од ГОБ “8 Септември” е пријавено е дека Д.Т.(36) од Скопје, вработен во болницата се здобил со повреда откако со нож му била нанесена расеченица од М.Н.(77) од Скопје, пациент во болницата. Според пријавеното напаѓачот претходно во ходникот агресивно се однесувал и кон вработена во болницата. Полициски службеници се излезени на местото на настанот – велат од МВР.