Пациенти во животозагрозувачка состојба се носат од клиника на клиника со количка, а за нив е наменето комбе. Но, како што велат извори од Клиниката комбето не се користи, а не се знае ни кога ќе биде ставено во функција. Образложението зошто не се носат со комбе пациентите е само дека нема бензин.
А, зошто нема и кога ќе почнат пациентите, посебно оние кои се во животозагрозувачка состојба да се префрлуваат од клиника на клиника со комбето, а не со колички никој нема одговор.
Најлошо е за оние пациенти кои се носат на најодалечената клиника односно на Инфиктивната која во кампусот е најодалечена од другите клиники.