Министерот за надворешни работи на Косово, Беџет Пацоли, изјави дека неговата земја ќе забранува посети на високите српски претставници доколку постојат силни докази дека тие доаѓаат со лоша намера.
Пацоли рече дека Приштина ќе му забрани посета на секого што се обидува да ги наруши меѓуетничките односи, додека, пак, пријателите се секогаш добредојдени.
Пацоли тврди дека Косово е слободна и демократска држава која гарантира слобода на движење.
Приштина досега многу пати им забранила влез на српски претставници во Косово, а последниот случај беше на 10 јули кога не им беше дозволена посета на српскиот министер за одбрана Александар Вулин и делегацијата од Министерството за одбрана и Военото здравство на Клиничкиот-болнички центар во Косовска Митровица.