![aziski berzi](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/09/preview-1.jpg?resize=696%2C400&ssl=1)
На азиските берзи во понеделникот цените на акциите паднаа, бидејќи податоците од економиите во регионот не беа многу охрабрувачки.
Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции, без јапонските, беше во минус од 0,4 отсто во раното утринско тргување, губејќи дел од добивките од минатата седмицава. Утрово на токиската берза индексот Nikkei падна за 0,6 отсто, додека цените на акциите во Јужна Кореја, Шангај, Хонгконг и Австралија се лизнаа меѓу 0,2 и 0,8 отсто.
Откако пазарите силно пораснаа на почетокот на месецот, благодарение на верувањето на инвеститорите дека циклусот на зголемување на каматните стапки во западните економии е завршен, тргувањето беше претпазливо последните денови, бидејќи економските показатели од регионот не се многу импресивни.
Заработката на кинеските индустриски компании се зголемила за 2,7 отсто на годишно ниво во октомври, трет месец по ред на раст, но значително побавно од претходните два месеца, кога скокна со двоцифрена стапка. Тоа покажува дека растот на кинеската економија е слаб и покрај стимулативните мерки на монетарните и фискалните власти.
„Кинескиот индекс CSI 300 паѓа во последните три седмица, и покрај владините стимулативни мерки. Кинеските инвеститори се, исто така, загрижени за повлекувањето на странскиот капитал од берзата, што врши дополнителен притисок врз цените“, вели Вонг Кок Хунг, директор на „Maybank Securities“.