Бројот на регистрирани случаи на коронавирус во Германија порасна за 477 на вкупно 192.556, соопшти денес германскиот Институт за заразни болести Роберт Кох.
Тоа е пад во однос на вчерашниот ден кога бројот на новозаразени изнесувал 630, пренесе „Ројтерс“.
Германија е на 13 место по бројот на заразени од Ковид-19, покажуваат податоците на порталот „Worldometers“.
Истовремено, бројот на починати порасна за 21 на вкупно 8.948.