Пад на цените на нафтата

Цените на нафтата ослабеа во понеделникот на меѓународните пазари, додека политичката неизвесност опстојува во главните земји производители откако претседателот на Иран загина во хеликоптерска несреќа, а престолонаследникот на Саудиска Арабија го одложи патувањето во Јапонија поради здравјето на неговиот татко.

Во однос на претходното затворање на тргувањето, цената на барелот нафта на лондонскиот пазар ослабе за 35 центи, на 83,63 долари, додека со барелот на американскиот пазар се тргуваше по пониска цена за 43 центи, по 79,63 долари.

Иранскиот претседател Ебрахим Раиси, кој долго време се сметаше за потенцијален наследник на врховниот водач ајатолахот Али Хамнеи, загина во хеликоптерска несреќа во планинска област во близина на границата со Азербејџан, соопштија во понеделникот официјални лица и државните медиуми.

Ненадејната смрт на претседателот не треба да влијае на нафтената политика на Иран, бидејќи Хамнеи го има највисокиот авторитет и последниот збор во сите државни работи. Во меѓувреме, престолонаследникот на Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман ја одложи посетата на Јапонија, која требаше да започне во понеделникот, поради здравствените проблеми на неговиот татко, кралот Салман, изјави главниот јапонски секретар на кабинетот Јошимаса Хајаши.

„Пазарот е веќе навикнат на лидерството на престолонаследникот Мохамед бин Салман во енергетскиот сектор. Саудиската стратегија се очекува да продолжи без оглед на здравственото прашање, вели Саул Кавоник од „MST Marquee“.

Уште еден руски енергетски објект е погоден во Европа. Нафтена рафинерија во Славјанск, во Краснодарската област, беше оштетена по напад со беспилотно летало во текот на викендот, објави во понеделникот државната ТАСС, повикувајќи се на претставници на безбедноста на компанијата.

Русија извести за зголемување на украинските напади на нејзина територија откако нејзините сили отворија нов фронт во североисточниот украински регион Харков претходно овој месец.

„Од таму, очекуваме севкупните пазарни фундаменти да се подобрат и да видиме слични повлекувања на залихите и движења на цените како минатото лето, при што цената на барелот во Лондон потенцијално ќе се зголеми за 10 долари од сегашните нивоа до септември“, напишаа аналитичарите на „JPMorgan“ во нивната белешка од неделата доцна вечерта.

Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) и сојузниците на картелот големи нзезависни извозници предводени од Русија колоквијлно познти како OPEC+, треба да се состанат на 1. јуни.

„Се чини дека пазарот е сѐ повеќе оттапува на случувањата на геополитичкиот фронт, најверојатно поради големиот резервен капацитет што го држи OPEC“, смета Ворен Патерсон од ING.