Пад на доларот, нафтата поскапе

На валутните пазари во четвртокот во претпладневното тргување вредноста на американскиот доларот забележа пад во однос на кошничката валути, по пораките од американската централна банка.

Индексот на доларот кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути се движи околу 103,22 поени, додека вчера во овој момент изнесуваше 103,87 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 151,35 на 150,45 јени. Американската валута, исто така, ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0940 долари, додека вчера во истиот период од тргувањето изнесуваше 1,0870 долари.

Цените на нафтата, пак, повратија дел од вчерашните загуби. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево зајакна за 0,72 отсто, на 86,55 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,69 отсто, на 81,80 долари.