Сите три партии кои ја сочинуваат владејачката коалиција на германскиот канцелар Олаф Шолц претрпеа загуби на европските избори во неделата, а крајно десничарската Алтернатива за Германија (AfD) постигна солиден раст, покажуваат излезните анкети на јавната телевизија ARD.
Меѓу коалициските партнери, Зелените паднаа најмногу до 12 отсто од 20,5 отсто на изборите во 2019 година. Социјалдемократите (SPD) на Шолц освоија 14 отсто од гласовите наспроти 15,8 отсто, а Слободните демократи (FDP) паднаа од 5,4 отсто на 5 отсто.
Очекувано, конзервативците од демохристијанската унија CDU/CSU се најсилната партија со 29,5 отсто освоени гласови наспроти 28,9 отсто во 2019 година, а AfD е втора со 16,5 отсто освоени наспроти 11 отсто на претходните европски избори.