На светските берзи цените на акциите паднаа и минатата седмица, втора со ред, бидејќи деловните резултати на компаниите не се многу импресивни, но и поради неизвесноста во пресрет на претседателските избори во САД следната седмица.
На европските берзи цените на акциите паднаа минатата седмица. Лондонскиот FTSE индекс се лизна за 0,9 отсто, на 8.177 поени, додека франкфуртски DAX падна за 1,1 отсто, на 19.254 поени, а париски CAC 1,2 отсто, на 7.409 поени.
На њујоршки Волсрит иднексот Dow Jones изгуби 0,2 отсто минатата седмиа, на 42.052 поени, додека S&P 500 се лизна за 1,4 отсто, на 5.728 поени, а индексот Nasdaq се намали за 1,5 отсто, на 18.239 поени.
Тргувањето беше неизвесно на најголемата светска берза, а инвеститорите беа фокусирани на деловните извештаи на компаниите. Додуша, повеќето компании пријавија подобри резултати од очекуваните, но имаше и неуспеси, како и намалување на проценките за натамошното работење, што предизвикува неизвесност.
Речиси сите технолошки гиганти, од „Alphabet“ и „Microsoft“ до „Apple“, „Amazon“ и „Meta Platforms“ објавија подобри резултати од очекуваните. Сепак, некои од нив потфрлија во одредени деловни сегменти или предупредија за силниот раст на трошоците за развој на вештачка интелигенција.
Минатата седмица беа објавени неколку важни макроекономски извештаи. Меѓу другото, податоците за растот на бруто домашниот производ (БДП) на САД од 2,8 отсто на годишно ниво во третиот квартал, побавно отколку што очекуваа аналитичарите во анкетата на Reuters.
Сепак, ниту овој ниту другите економски показатели немаа значително влијание врз проценките на инвеститорите дека американската централна банка дополнително ќе ги намали клучните каматни стапки за 0,25 процентни поени во ноември.
Внимателни беа и инвеститорите поради неизвесноста пред претседателските избори во САД следната недела бидејќи според анкетите би можеле да победат и демократската кандидатка Камала Харис и републиканскиот кандидат Доналд Трамп.