![kineski avion](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/kineski-avion.jpg?resize=696%2C429&ssl=1)
Две лица загинаа денеска во авионска несреќа во Белгија, објави Brussels Times, повикувајќи се на агенцијата Belga News.
Првите извештаи укажуваат дека се работи за авион со дозвола од Германија, а инцидентот се случил на 100 метри од пистата на Спа Малшамп.
Околу 9 часот пилотот се обидел да полета, но маневарот бил отежнат поради силниот ветер, пренесе RTBF.
Пилотот не можел успешно да полета и удрил во паркиран автомобил покрај пистата, по што се запалил. Возачот на автомобилот успеал да излезе од возилото кое било затрупано во чад, спасувајќи си го животот во последен момент.