Се сруши потпорниот ѕид над Детската Клиника, на улицата која поминува над Клиничкиот центар, потврди Центарот за управување со кризи, ЦУК.
-Неколку граѓани пријавија дека потпорниот ѕид над Клиниката за Детски болести е во лоша состојба. Од наша страна беа известени сите надлежни институции, за преземање на потребните мерки. После 1,5 година не е преземено ништо и утрово добивме пријава дека дел од овој ѕид е паднат, а прашање е кога ќе се сруши и останатиот дел од ѕидот. Затоа апелираме до сите да се зафатат со решавање на оваа опасност за граѓаните. Може да дојде и до рушење на дел од улициата, по што е можна поголема трагедија. Од ЦУК во повеќе наврати е интервенирано, односно се испратени дописи, но и во низа други јавни претпеијатија. Затоа апелираме за итна координација и итно надминување на оваа опасност“, рече Стојанче Ангелов, директор на ЦУК.