Собранието на Црна Гора вечерва ѝ изгласа недоверба на владата на чело со Здравко Кривокапиќ.
За недоверба на владата гласале 43 пратеници на опозицијата и пратеничкиот клуб „Црно на бело“ чии дел е Граѓанското движење УРА на Дритан Абазовиќ.
Иницијатицата за гласање недоверба на владата па покрена Обединетата реформска акција (УРА) на актуилниот вицепремиер Дритан Абазовиќ, а ја поддржаа опозициските малцински партии на Бошњаците и на Албанците, како и Социјалдемократите, Социлајалдемократската партија и дека од Демократската партија на социјалистите (ДПС) на Ѓукановиќ.
При покренувањето на иницијатвата Абазовиќ накави дека по падот на владата на Кривокапиќ, со Бошњачката партија и со албанските партии и имерената просрпска Социјалистичка народна партија (СНД) ќе формираат малцинска влада, коај ќе ја поддржи актуелната опозиција. Рече дека од партијата на Ѓукановиќ, којашто заедно со другите партии од моментално владејачка коалиција ја порази на изборите во 2020 година, очекува поддршка во парламентот за фомирање малцинска влада, но дека нема да ја повика во владата.
Црногорскиот парламент во четвртокот требаше да дискутира за иницијативата на Кривикапиќ за смена на неговиот земеник Абазовиќ, но оваа точка немаше доволно поддршка од пратениците да влезе на дневен ред. По крахот на иницијативата на премиерот, во парламентот Абазовиќ рече дека на седницата во петок ќе има уште повеќе пратеници кои ќе го поддржат падот на владата.
„Тоа ќе биде одговор на тезата на Кривокапиќ дека со соборувањето на валдата се изигрува волјата на народот искажана на изорите на 20-ти август“, изјави Абазовиќ.
Оцени дека изигрување на волхата на народот ја поддржуваат провладините демонстранти, кои веќе со седмици се собираат во градовит во цела Црна Гора и кои тврдат дека станува збор за предавство.
Претходно челникот на најсилната опозициска партија и шеф на земјата Мило Ѓукановиќ рече дека пратениците од неговата партија ќе го поддржат формирањето малцинска влада „иако не ја гледа како идеално решение, но дека секако е подобро решение од катастрофалната ситуација во коај Црна Гора се наоѓа на чело со актуелната влада“.
Црна Гора пред повеќе од една година доби експертска влада, која ја води премиерот Здравко Кривокапиќ, лидер на коалиција За иднината на Црна Гора, коај покрај УРА на Абазовиќ и коалициајта Мирот е нашата нација, на претседателот на парламентот Алекса Бечиќ, на изборите на 30-ти август 2020 година првпат по три децени ја порази ДПС на Мило Ѓукановиќ.
Владата на Кривокапиќ веднаш по нејзиниот избор наиде на условувања од политичките партии кои сочинуваат мнозинство во парламентот особено Демократскиот фронт на срспката заедница, и секогаш беше на работ од паѓање. Големо влијание на формирање на таа влада имаше и Српската православна црква, па така првиот чекор беше измената на спорниот закон за слободата на вероисповед кој СПЦ го сметаше за удар врз неа со цел да ѝ се одземат манастирите и црквите во Црна Гора.