Екипата на Брза помош, која утрово се заглави во лифт во населбата Кисела Вода во Скопје е повредена, но не и пациентот, бидејќи, според ЦУК, пациент немало, туку медицинарите биле во зградата за да констатираат смрт.
-Во лифтот се возеле четири лица, а пациент немало, бидејќи екипата била била на констатација на смрт. Иако утрово првичната информација беше дека во лифтот имало и пациент. Луѓето се извлечени, но имаат повредени. Екипата се движела од приземје кон шести кат, но кога дошле малку над втори кат лифтот забрзано се спуштил, односно паднал во подрум. Трите лица се жалат на повреди, информираат од ЦУК.