Паднати гранки оштетиле два автомобили во Центар

Два автомобили биле оштетени од паднати гранки на дрво на улицата Дебарца во центарот на Скопје, кај Министерство за култура. Како што дознава Нетпрес, граѓаните кои што живеат на оваа улица имале поднесено барање до Општина Центар уште пред две години дрвото да се исече или да се поткастрат гранките поради опасност истите да паднат на улицата.

Од општината осанале глуви на барањето, па гранките не ги издржале последните временски неприлики во градот и се откорнале и ппаднале врз два паркирани автомобили.