Падот на француската влада ја продлабочи политичката криза

Француската влада падна во средата вечерта, втурнувајќи ја втората по големина европска економија во длабока криза. Десничарската и левичарската опозиција ги здружија силите и ја соборија владата на премиерот Мишел Барние. За недоверба гласаа 331 од 574 пратеници.

Барние наскоро потоа доцна веќерта му ја поднел оставката на претседателот Емануел Макрон, извести телевизискиот канал BMFTV.

Тоа е првпат на една влада да ѝ биде изгласана недоверба од 1962 година, кога падна владата на Жорж Помпиду.Последен пат тоа се случи во 1962 година, кога имаше гласање за недоверба на владата на Жорж Помпиду.

Претседателот Макрон ќе ѝ се обрати на нацијата во четврток навечер преку телевизија, објави Елисејскиот дворец.

Крајната левица и крајната десница го казнија Барние затоа што избра да користи специјални уставни овластувања за да протурка дел од непопуларниот буџет без парламентарно гласање, каде што тој немаше поддршка од мнозинството.

Предлог-буџетот предвидуваше заштеда од 60 милијарди евра за да се намали големиот дефицит. „Оваа реалност (дефицит) нема да исчезне со магично гласање недоверба“, им се обрати Барние на пратениците пред гласањето, додавајќи дека буџетскиот дефицит ќе ја прогонува и новата влада.

Макрон ја предизвика кризата со распишување предвремени избори во јуни кои резултираа со поларизиран парламент.

Со ослабен претседател, Франција сега ризикува да ја заврши годината без стабилна влада или буџет за 2025 година, иако уставот предвидува посебни мерки кои можат да го спречат затворањето на владата во стилот на САД.

Француските политички превирања дополнително ќе ја ослабат Европската унија, веќе потресена од падот на владејачката коалиција во Германија, неколку седмици пред враќањето на Доналд Трамп во Белата куќа.

„Дојде моментот на вистината“, рече лидерката на крајно десничарскиот Национален собир (RN) Марин Ле Пен, додавајќи дека плановите за буџетско штедење на Барние се опасни и неправедни и ќе предизвикаат хаос во земјата.

Крајно левичарската партија Непокорена Франција побара од Макрон оставка. „По изгласувањето недоверба, сите политики на Емануел Макрон се поразени и бараме од него да си оди“, рече членката на LFI, Матилд Пано.

Тројца извора изјавле за Reuters дека Макрон има намера брзо да назначи нов премиер.

Еден извор рекол дека планира да го стори тоа пред свеченото отворање на реновираната катедрала Нотр Дам во сабота, на која се очекува да присуствува и Трамп.

Новиот премиер ќе мора да се соочи со истите предизвици како Барние. Новите избори може да се одржат пред јули следната година.

Макрон, исто така, може да побара од Барние и неговите министри да останат како техничка влада додека не најде премиер кој може да обезбеди доволно поддршка за усвојување на законот за буџетот.