Падот на кингерот на Трајковски не бил атентат

Падот на владиниот „кингер“ во кој загина претседателот Борис Трајковски и неговите соработници не е атентат, туку склоп на грешки и неколку фактори поради кој се случи трагичната несреќа, објави 24 Вести, повикувајќи се на претседателот на Комисијата за воздухопловство на Министерството за сообраќај на Босна и Херцеговина, Омер Кулиќ и на претседателот на Комисијата за истражување на авионски несреќи во Македонија, Сотир Костов.

За телевизијата тие не сакале да откриваат детали, се додека конечно не го објават целосниот извештај за падот на кингерот на крајот на овој месец, кога преку симултан лет ќе објаснат што откриле односно кои биле причините за падот на авионот.