Паѓаат облози за новото британско кралско бебе, дали ќе биде црвенокосо девојченце Дајана?

Принцот Хари и неговата сопруга Меган ќе добијат девојченце Дајана, а ќе се роди на почетокот од мај, барем така тврдат британските обложувалници.

Додека проследувачите на случувањата на британското кралско семејство го исчекуваат раѓањето на првото бебе на војводата и војвотката од Сасекс, обложувачите ставаат облози на полот на дететот, кога ќе се роди и како ќе се вика, дали го беде „џинџер“ како и принцот Хари.

Британските обложувалници се убедени дека бебето, седмо во редот за наследство на престолот, ќе биде девојченце. Обложувалниците „William Hill“ го намалија коефициентот за раѓање на девојченце на 2/5, што е облог со пет фунти на добивка од две фунти, имплицирајќи дека тоа е исправен исход во пет од седум шанси. Меѓутоа, играчите сепак продолжуваат да трупаат пари што ги принуди обложувалниците на 9-ти април да го сопрат обложувањето.

„На регуларниот пазар тоа значи дека луѓето го дознале полот… Ќе бидам запрепастерн доколку не биде девојченце“, изјави портпаролот на „William Hill“, Руперт Адамс, додавајќи дека единствената друга можност е дека обложувачите едноставно следеле туѓи облози, под претпоставка дека тајната протекла.

Шансите, пак, бебето да биде црвенокосо се проценуваат на 3 наспроти 1. А, исто така, ставени се облои и за името на новиот кралски потомок, како што се Дајана, Леброн или Џингис.

Името на мајката на принцот Хари, принцезата Дајана трагично загината во автомобилска несреќа во Париз во 1997 година, доминира на обложувалниците.

„Името Дајана е жежок фаворит. Тоа воопшто не го разбирам. Не би сакал да се потсетувам на таа несреќа секое утро. Инаку 60 отсто од сите облози се на името Дајана“, вели Адамс за AFP.

Во обложувалниците „Paddy Power“ шансите за Дајана се 3/1, за Грејс 7/1, Алис 10/1, Изабела 12/1, Викторија и Александра на 14/1 и Елизабета на 20/1. Освен името Дајана, обложувачите засилено вложуваат и во Изабела, Роуз и Грејс.

Кај облозите за името доколку бебето биде момченце, облозите се движат за Артур 12/1, Чарлс 14/1, Џејмс и Едвард на 16/1, Александер 20/1 и Џејкоб и Френсис на 25/1.

Има облози и за малку веројатни имиња, како што се Бери, Тајрон, Риз и Тереза на 250/1, но и за Џенгис, Тор, Буда, Мухамед, Исус и Доналд на 500/1. Неколку облози се ставен и на имињата ЛеБрон и Шардоне, вели Адамс.

„Поради купиштата облози онлајн и во обложувалниците на името Изабела, бевме принудени да ја намалиме цената“, рекол портпаролот на обложувалниците „Paddy Power“, Ејни Џонс.

Децата на братот на Хари, принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт, се викаа принц Џорџ, принцеза Шарлот и принц Луј. „За секој од нив конечниот фаворит кога ги затворивме облозите беше точен“, вели Адамс. Додава дека повеќето облози на името се ставаат по објавување на раѓањето на дететот.

Меѓу обложувачите за кумови на кралското новороденче како фаворити важат семејствата Клуни и Бекам.

Обложувалниците се сигурни дека детето ќе се роди во мај, во новата куќа Фрогмор Котиџ во близина на дворецот Виндзор, западно од Лондон. Покрај Џорџ и Амал Клуни, Дејвид и Викторија Бекам, паѓаат облози и на Серена Вилијам, Елтон Џон, Пријанка Чопра и Опра Винфри кои се меѓу славните фаворити за кумството на кралското бебе.

Просечниот облог за кралското новороденче е околу 4 британски фунти, или 4,65 евеа. Се очекува дека целиот пазар ќе направи обрт во вредност од околу 5 милиони фунти, смета Адамс. Играчите може да се обложат и дали најмладото кралско бебе или неговиот една година постар братучед принцот Луј ќе остварат подобри резултати во училиште, кој прв ќе се венча, па и кој прв ќе биде ќелав.