Пахор е најпопуларниот политичар во Словенија, СДС на Јанша би добила најмногу гласови на избори

Aктуелниот претседател и лидер на Социјалдемократската партија, Борут Пахор, се уште е најпопуларен политичар во Словенија, додека министерот за здравство Јанез Поклукар и претседателот на словенечкиот парламент, Игор Зорчиќ, се на второто и третото место.

Истражувањето на јавното мислење на „Десус“ и „НСИ“, исто така, покажува дека партијата на премиерот, Јанез Јанша, би добила најмногу гласови на парламентарните избори.

Анкетата во која учествувале 711 испитаници покажува дека 17,1 отсто од гласачите на евентуални избори би гласале за Словенечката демократска партија (СДС) на Јанша, а 12,7 отсто за опозициската Социјалдемократска партија (СД), што во моментов ја предводи европратеничката Тања Фајон.

Партијата на Јанша има стабилен рејтинг во последните четири месеци, но партиите во неговата коалиција се во поголем пад, додека партиите на левицата покажуваат мал раст на популарноста.

Анкетата покажува дека опозициската партија „Левица“ би добила 8,6 проценти од гласовите на изборите, а Листата на Марјан Шарец (ЛМШ) предводена од поранешниот премиер би освоила 7,3 проценти, додека другите партии засега се под изборниот праг.

Владата заслужува „средна“ оценка сметаат 25,4 отсто од испитаниците, додека во анкетата, парламентот добил полош резултат од владата.

Следните парламентарни избори во Словенија ќе се одржат кон ср