Пахор ги распиша изборите за Европскиот парламент на 25-ти мај

Словенечкиот претседател, Борут Пахор, ја потпишал одлуката според која овогодишните избори за осум словенечки застапници во новиот состав на Европскиот парламент ќе се одржат на 25-ти мај.

„Европскиот парламент е единствена институција која ја изразува еднаквата политичка волја на жителите на Европа. Словенците во Европскиот парламент по трет пат ќе ги избираат своите пратеници и уверен сум дека за осум места ќе конкурираат голем број кандидатски листи и кандидати“, рекол Пахор, по потпишување на одлуката за одржување на избори.