Пајак возило денеска подигнал автомобил паркиран пред куќа во скопската населба Ѓорче Петров, што не би било ништо чудно ако станува збор за улици во центарот на градот. Но иронично е дека „пајакот“ подигнал возило од улицата Борис Сарафов, порано 4 јули, која е изградена токму врз „јавни површини“, отстапени од жителите на улицата за тротоари и улица.
Жителите на населбата се револтирани што Општината и градот не го решаваат проблемот со безбедноста на децата и граѓаните, кои се загрозени од пребрзото возење по улицата, а удираат по џебот на нивните соседи. Токму поради несовесните возачи кои со голема брзина крстосуваат по улицата жителите на населбата избегнуваат да ги паркираат возилата на улицата, а ако тоа го направат, го прават ако мораат.
Пред три недели улицата беше блокирана поради протести на жителите на населбата кои реагираа на прегазувањето на десетгодишник, кој беше тешко повреден кај Основното училиште„Мирче Ацев“.
Граѓаните реагираа бидејќи се уште не е поставен семафор, со што би се зголемила безбедноста на децата на оваа фрекфентна улица.