Пакет поволности од Владата поттикнуваат отворање приватни градинки

Излегувањето во пресрет на барањата на граѓаните за зголемување на капацитетите за опфат на деца во градинките досега резултираше со отворање на 49 нови градинки од страна на Владата и општините но истовремено и со отворање на нови приватни детски градинки, за кои од страна на Владата и институциите беа дефинирани пакет на поволности за поддршка на овој концепт за приватни детски градинки.

-Паралелно со изградбата на држаните детски градинки работиме на мотивација на приватниот капитал за влез во оваа сфера преку овозможување на нови можности и поволности, ослободување на дел од трошоците и директно финансиски поддршки. Земјиштето за изградба на градинките се продава по 1 евро метар квадратен почетна цена, а комуналиите се намалени за 95 проценти. Може да се користат и инструментите за вработување кои ги обебедува АВРМ. Она што е новина и претставува дополнителен квалитет на овој процес е владиниот оглас кој е во тек, преку кој за потенијаните апликанти се обезбедуваат 10.000 евра финансиски неповратни средства кои може да ги користат за опрема и репро материјали. Фактот дека по креираето на овие пакети се отворени над 15 приватни детски градинки, говори дека во оваа сфера има бизнис логика, можности за профитабилност, истакна владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.

Финансиската поддршка се однесува за сите заинтересирани физички и правни лица кои ќе отворат приватна детска градинка и кои со оваа значителна финансиска поддршка ќе можат да набават основни средства за функционирање на градинката односно материјали и опрема за опремување на просторот на градинката.

За искористување на средствата за оваа финансиска поддршка од државата во тек е оглас во Агенцијата за вработување на кој можат да аплицираат сите заинтересирани лица кои ќе ги исполнат условите од огласот односно ќе приложат бизнис план со утврдена локација за градба или реконструкција и адаптација на постоечки објект и проектна документација за истото, предвидениот објект да содржи најмалку две занимални и помошни простории согласно законските прописи како и обврска за реализација на минимум 4 нови вработувањa во период на отворање на градинката и тоа две лица воспитувачи и две лица негователки , со обврска истите да бидат задржи во работен однос најмалку 18 месеци.

Резултатите од дефинираните мерки и политики на државата за зголемување на капацитетите за згрижување на деца од предучилишна возраст. Порано градинките обезбедувале опфат на згрижување за околу 15.000 деца, а денес како резултат на владините политики и проекти во градинките се згрижени околу 40.000 деца.

Процентот на опфат во градинка кај деца до шест година во 2006 година беше околу 9, а денес истиот тој опфат е околу 26 проценти. Кај децата од 3 до 6 години процентот на опфат во 2006 година беше околу 12, а сега е над 38 проценти.