Германија: Запленети пакети со сириски пасоши

Германските цариници запленија пакети со сириски пасоши, а полицијата се сомнева дека документите им биле продавани на барателите на азил, пишува Би Би Си.

Претставник на министерството за финансии на Германија наведува дека во пакетите имало и оригинални и фалсификувани пасоши.

Германија им дозволува на Сиријците да поднесат барање за азил без разлика на тоа во која прва европска земја влегле, а Сиријците кои бегаат од граѓанската војна во нивната земја имаат приоритет при добивање азил.

Германија: Запленети пакети со сириски пасоши
Германија: Запленети пакети со сириски пасоши

Засега не се сооштува колку вкупно пасоши биле откриени од страна на цариниците, а Германската полиција во моментов го истражува случајот.

Според европската гранична агенција Фронтекс, забележителна е зголемена трговија со сириски пасоши, особено во Турција.

Според претставникот на Фронтекс, Фабрис Легери, луѓето што патуваат со лажни пасоши најчесто говорат на арапски јазик.

Можеби доаѓаат од Северна Африка или од Средниот Исток, но тие се со профил на економски мигранти, вели Легери.

Досега во Германија се поднесени најголем број барања за азил во ЕУ. Најголем дел од барателите на азил се Сиријци и Авганистанци, но исто така има и голем број баратели на азил од земјите од западен Балкан.

Турција е главната транзитна земја за бегалците и другите мигранти кои се упатуваат кон ЕУ. Во моментов во турските бегалски кампови има околу 2 милиони Сиријци.

 

Инаку само за викендов во Германија пристигнаа 15.000 бегалци. Повеќе за ова на следниот линк.