Граѓаните сметаат дека пакетите социјална помош кои ги дели СДСМ, а за кои во јавноста излегоа голем број фотографии, претставуваат обид за предизборен поткуп.
Високи 50,1 процент од анкетираните граѓани на истражувањето спроведено од Институтот “Habeas Corpus” кој разработува прашања од правниот и политички систем одговориле вака на прашање. Само 28,4 проценти сметаат дека тоа е искрена желба за помош.
Високи 62 проценти од граѓаните кои учествувале на анкетата истакнале дека не се задоволни од економските мерки на Владата. Потврден одговор дале 29 отсто од анкетираните.
Анкетата, информираат од Институтот, е направена врз стратификуван примерок од 1 159 испитаници во периодот од 08 јуни до 11 јуни 2020 година. При истражувањето се водела сметка на етнграфската карта, демографската застапеност, полот и возраста на испитаниците. Воедно се водеше сметка и при влезот на анкетниот прашалник и резултатите од последните парламентарни избори. Анкетата се спроведе телефонски, со употреба на фиксната и мобилна телефонија.