Пакетот кој експлoдираше во Бостон содржел критика за Цукерберг

Пакетот со експлозив кој експлодирал откако претходно седмицава бил испратен на бостонскиот универзитет Нортистерн содржел порака со критики на сметка на Марк Цукерберг, сопственикот на компанијата „Meta“ основач на најголемата социјална мрежа во светот Facebook, објави во средата американската телевизиска мрежа CNN, повикувајќи се на анонимни полициски извори.

Во белешката со критиката се осудува односот Цукерберг кој ја развива виртуелната стварност и академската заедница, дознава CNN.

Вработениот во универзитетскиот кампус кој го примил пакетот во вторникот е повреден при детонацијата и е префрлен во болница, објави бостонската полиција. Пронајден е уште еден сомнителен пакет кој е „обезбеден“.

Поради инцидентот во вторникот вечерта биле откажани сите предавања, но тие ќе продолжат според програмата во средата, соопштија од универзитетот.

Властите сѐ уште не знаат кој го испратил пакетот и зошто цел бил токму овој универзитет во Бостон.

Во пораката во пактот била критикувана компанијата „Meta“, којашто е силно ангажирана на развојот на социјалната платформа со виртуелна стварност под називот Horizon.

Во прилогот на CNN се наведува дека пораката го предупредила универзитетот да не соработува со дизајнерите на виртуелната стварност и со Цукерберг.

Полицијата ги предупредила и другите бостонски универзитети, меѓу кои и едни од најреномираните во светот – Харвард и Масачусетскиот технолошки институт (MIT), да го подигнат нивото на безбедносни мерки и да известуваат за каков и да е сомнителен пакет.