Пакистан: Ден пред изборите во бомбашки напади загинаа 26 лица

Најмалку 26 лица загинаа во југозападен Пакистан во два бомбашки напада во интервал од неколку часа чија цел биле изборни штабови ден пред одржувањето на општите избори, соопштија официјални лица.

Првиот бомбашки напад во градот Пишин во нестабилната провинција Балучистан бил насочен кон кандидат еден ден пред изборите, изјави локалниот функционер Џамал ​​Удин за DPA.

Најмалку 14 лица загинаа, а повеќе од 30 се ранети во експлозија на бомба поставена на мотоцикл паркиран пред канцеларијата, изјави полицискиот пoртпарол Ихтијар Мохамед.

Кандидатот за локалната изборна единица Асфанџар Какар во моментот на нападот не бил во канцеларијата.

Неколку часа подоцна, цел на втората бомба бил изборниот штаб на друг кандидат во блискиот град Кила Саифула. Во експлозијата загинаа 12 лица, а десетици беа повредени, изјави полицискиот претставник Мохамед Сабир.

Ниту една група не ја презеде одговорноста за најновите бомбашки напади, но Белуџистан беше цел на повеќе исламистички милитантни групи, вклучувајќи ги пакистанските талибани и припадниците на Исламска држава.

Сепаратистичките бунтовници вршат и смртоносни напади врз безбедносните сили и цивилите.

Насилството од страна на исламистичките милитанти е зголемено во Пакистан во последните месеци пред изборите закажани за четврток.