Во петокот Пакистан ја изрази својата подготвеност да соработува со Иран „за сите прашања“ за време на состанокот меѓу министрите за надворешни работи на двете земји кои неодамна со беспилотни летала и проектили ги нападнаа базите на исламистичките џихадисти од двете страни на заедничката граница.
Нападите од двете земји се најсериозните прекугранични упади во последниве години и ги поттикнаа стравувањата од ширење нестабилност во регионот веќе напнат поради војната меѓу Израел и Хамас, која трае од 7-ми октомври.
Пакистан, како и Иран, е заинтересиран за обновување на билатералните односи по размената на ракетни напади, го цитира пакестанскиот весник Dawn пакистанскиот привремен премиер Анвар-ул-Хак Какар.
Според Какар, двете земји се заинтересирани за враќање на односите на претходното ниво. Пакистанскиот премиер додал дека земјата „ги поздравува и ќе возврати на сите позитивни мерки од иранската страна“ по ова прашање и го нарече Иран „братска земја“.
Иранското Министерство за надворешни работи, исторемено, ја истакна важноста на земјите да се фокусираат на прашањата за безбедносната и воената соработка што беа договорени во минатото.
Иако Иран и Пакистан имаат историја на тензични односи по долгиот период на соработка, двете страни сега изразија подготвеност да ги намалат тензиите. Кабинетот на пакистанскиот министер за надворешни работи, Џалил Абас Џилани, соопшти дека тој разговарал со неговиот ирански колега Хосеин Амирадболахиан во петокот, ден откако Пакистан извршил напади на иранска територија.
Иран објави дека во нападите загинале девет лица во погранично село на негова територија, меѓу кои и четири деца. Пакистан објави дека две деца биле убиени во ирански напад во вторникот. Иранските медиуми во петокот објавија дека армијата се судрила со милитантите на Исламската држава на југоисток, при што биле убиени две лица, неколку други уапсени и запленети експлозиви и друго оружје.
„Министерот за надворешни работи Џилани ја изрази подготвеноста на Пакистан да работи со Иран за сите прашања во духот на меѓусебната доверба и соработка“, се вели во соопштението од Исламабад. Џилани „ја истакна потребата од посилна соработка во безбедносните прашања“, се додава. Пакистанскиот министер претходно изјави дека „Пакистан нема желба или интерес за ескалација“.
Исламабад објави дека ги погодил базите на сепаратистичката Војска за ослободување на Балуџистан, додека Иран користел беспилотни летала и ракети за да ја гаѓа милитантната група Џаиш ал-Адл. Групите дејствуваат во област што ја покрива пакистанската југозападна провинција Балучистан и југоисточната иранска провинција Систан-Балучистан, два неразвиени региони богати со минерали.
Пакистан започна напади врз сепаратистичките сунитски милитанти во шиитски Иран во четвртокот, два дена откако Техеран соопшти дека погодил бази на друга група на истите милитанти во пакистанска територија, во областа Балучистан, која се простира на иранска, авганистанска и пакистанска територија. Во Пакистан дејствува Војската за ослободување на Балучистан (BLA), а во Иран – Џаиш ал-Адл (Армија на правдата), која е формирана во 2012 година и е на црната листа на Иран како терористичка група.
Во Балучистан, чиј најголем дел е во Пакистан е истовремено и најнаселената и најмалата покраина во оваа земја, дејствуваат и многу радикални исламистички групи, вклучувајќи ја и глобалната терористичка мрежа Ал Каеда, секташки екстремни организации, како и локални сепаратисти кои бараат независност.
Покраината Белучистан која излегува на Арапското Море, е богата со гас, нафта и минерали, но сепак е најсиромашна. Таму последните две години се разгоре насилството врз локалното шиитско население, од страна на талибаните и џихадистите од Исламската држава, а владее и локален бунт. Чести цели на нападите се шиитските муслимани и христијаните.
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш ги повика двете земји да се воздржат од ескалација, а тоа го направија и САД, чиј претседател Џо Бајден рече дека овие конфликти покажуваат дека Иран не е фаворит во регионот.