Поради монсунските дождови во кои загинаа речиси 900 луѓе од јуни и погодија повеќе од 30 милиони жители, Пакистан воведе вонредна состојба во саботата кога 180.000 луѓе морале да ги напуштат своите домови.
Големите поројни поплави во северната пакистанска покраина Кибер Пактинква предизвикале пораст на нивото на водата во реката Кабул, што ноќта кон саботата урнало моста поради што некои населби останале без пристап до патните правци.
Од јуни повеќе од 900 луѓе ги загубиле животите од кои 34 во последните 24 часа, објави националната агенција за управување со катастрофи. Поради стравот од поплави околу 180.000 во округот Чарсада ги напуштиле своите домови, соопштија локалните власти. Некои жители ноќта ја минале на автопатиштата со својата стока.
Историските монсунски дождови и поплави во Пакистан погодија повеќе од 30 милиони луѓе во последните неколку седмици. Пакистанското министерство за климатски промени ситуацијата на нарече „хуманитарна катастрофа од епски размери предизвикана од климатските промени“.
Пикот на поплавите се очекува во недела, најавуваат метеоролозите за монсунскиот период кои вообичаено трае од јуни до септември и важно е за надводнувањето и пополнувањето на резервите од вода во индискиот потконтинент, но секоја година носи и неизвесност и штети.
Пакистанската влада во петокот ја мобилизираше војската за помош на населението. Пакистанските челници се обратија за помош и до меѓународната заедница, а планираат и активирање на меѓународен фонд за помош. Министерството за надворешни работи на Пакистан соопшти дека Турција испратила тим кој помага во спасувачките операции.
Во соседен Авганистан талибанската влада, исто така, упати повици за помош откако поплавите ги погодија централните и источните региони на земјата.
Поплавите во Авганистан само овој месец однеле 192 човечки животи, соопштија тамошните служби за управување со катастрофи. Страдале и домашните животни и околу 1,7 овошки, па расте загриженоста од уште поголем недостиг на храна, особено поради фактот што престои острата зима, а земјата веќе пати од економска криза.
„Бараме од хуманитарните организации, меѓународната заедница и другите организации и фондации да ни помогнат“, изјави на прес-конференција Шарафуден Муслим, заменик директор во авганистанското министерство за управување со катастрофи. Порача дека повеќе од милион семејства имаат потреба од помош.