Најголемите градови во Пакистан, почнувајќи од главниот град Исламабад, од денеска се во состојба на максимална подготвеност поради можни напади на Талибанците бидејќи властите покренаа воена офанзива против екстремистите.
Пакистанските Талибанци рано утринава соопштија дека ќе ја нападнат зградата на Владата како одговор на офанзивата.
Во нивното соопштение, на странските инвестори, авиокомпании и меѓународни институции веднаш да ја напуштат земјата.
Зголемени сили на безбедност се упатени кон Исламабад, Равалпинди каде што се наоѓа Генералштабот како и Карачи и Пешавар. Полицијата ги врати своите припадници кои заминаа на годишен одмор, за да се зголеми бројот на патролите.
Пакистан одлучи да покрене воена офанзива по неодамнешниот напад на екстремистите на аеродромот во Карачи каде што загинаа 36 лица.