Пакистанскиот премиер, Имран Кан, излезе со апел до муслиманските земји да лобираат кај западните влади да ги криминализираат и казнуваат навредите кон пророкот Мухамед.
– Треба да им објасниме зошто нѐ боли кога, во име на слободата на говорот, ја навредуваат честа на нашиот пророк. Кога 50 муслимански земји ќе се обединат и ќе го кажат тоа и кога ќе кажат дека доколку во иднина се случи такво нешто во која било земја, тие ќе почнат трговски бојкот и нема да ја купуваат нивната стока, тогаш тоа ќе има влијание – рече Кан, цитиран од „Ал Џазира“.
Кан смета дека навредата кон пророкот Мухамед треба да се третира на истиот начин како и доведувањето под прашање на Холокаустот, што е кривично дело во некои европски земји.
Обраќањето на премиерот Кан до јавноста доаѓа на денот кога владата ги почна преговорите со радикалната верска група која планираше масовни протести во Франција заради објавувањето на карикатури на Мухамед во француските весници.