Пакистанскиот парламент го избра Шариф за нов парламент

Пакистанскиот парламент го избра во понеделникот 70-годишниот Шебаз Шариф, помладиот брат на поранешниот премиер Наваз Шариф, за нов премиер наместо сменетиот Имран Кан.

Шариф ја доби поддршката од 174 од 342-та пратеници, објави претседателот на парламентот Ајаз Садик. Новоизбраниот премиер сега ќе формира новата влада којашто ќе ја води земјата до август 2023 година, за кога се закажани општите избори.

Шариф, 23-от по ред пакистански премер, малку познат надвор од земјата во којашто има репутација на чиновник и управител повеќе отколку како политичар, а е помлад брат на Наваз Шариф кој беше премиер во три мандата.

Долниот дол на пакистанскиот парламент во неделата гласаше за смена од досегашната должноста на премиерот Имран Кан, а одлуката беше донесена по речис 14-часовните жестоки дискусии меѓу пратениците од опозицијата и владејачката партија на Кан, а иницијативата на опозицијата, како нејзин кандидат, ја предводеше токму Шариф.

Според политичките коментатори, Шабаз за разлика од Навиз Шариф ужива пријателски односи со влијателниот воен врв, кој традиционално ја контролира надворешната и одбранбената политија на оваа јужноазиска земја со 220 милиони жители, која поседува нуклеарно оружје.

Пакистанските генерали трипати директно беа влкучени во уривањето на цивилните влади, а ниеден премиер не го заврши петтгодишниот мандат уште од 1947 година и стекнувањето независност на Пакистан од Велика Британија.

Шебаз Шариф е најпознат по својот директен и ефикасен управувачки стил, кој го демонстрираше како главен минбистер на најнаселената пакистанска покраина Пенџаб, кога тесно соработуваше со Кина на амбициозните инфраструктурни проекти финансисрани од страна на Пекинг.

Шариф во интервју од минатата седмица рече дека добрите односи со САД се клучни за Пакистан, што е во спротивност со антагонистичкиот однос со Вашингтон кој го имаше Кан.