Палачинки со мелено месо и со зеленчук

Доколку сакате да подготвите нешто несекојдневно за ручек ви предлагаме да ги пробате овие палачинки со мелено месо и со зеленчук…

Состојки:

  • 200 грама брашно
  • 375 мл млеко
  • Сол
  • 3 јајца
  • По една црвена и зелена пиперка
  • Конзерва црвен грав (315 мл)
  • 300 грама гранчиња целер
  • Главица кромид
  • 400 грама мелено месо
  • 2 лажици масло
  • бибер
  • 12 грама кашкавал
  • 2 лажици крем сирење
  • 4 лажици путер

Подготовка:

  1. За палачинките изматете го брашното, млекото, јајцата и половина лажичка сол. Оставете го тестото да отстои 30 минути.
  2. Исцедете го гравот. Измијте ги пиперките, исчистете ги, извадете ги семките и исечете на мали парченца. Измиете го целерот, исчистете го и исечете го на парченца. Исчистете го и ситно исечкајте го кромидот. Пропржете го меленото месо на масло. Додадете го кромидот и пиперката и динстајте заедно со месото околу 5 минути. Додадете го гравот и целерот, па загрејте го. Зачинете со сол и бибер.

Изрендајте го кашкавалот, па во смесата со местото додадете го крем сирењето и 2/3 од кашкавалот.

  1. Загрејте ја рерната на 200 степени. Испечете подебели палачинки на масло. Палачинките филувајте ги со мелено месо и свиткајте ги. Наредете ги во подмачкан калап, па одозгоре пресолете ги со останатиот кашкавал. Ако ви останало уште фил, распоредете го околу ролните. Печете ги палачинките на средина на рерната околу 20 минути, додека не добие златножолта боја.

Совет: Филот од мелено месо може да биде посочен ако му додадете 400 грама испасирани домати и евентуално лажица кисела павлака.